недела, август 30, 2026
Дома СВЕТ Пукање на рејв забава во Женева – најмалку едно лице е убиено,...

Пукање на рејв забава во Женева – најмалку едно лице е убиено, а пет се повредени

0
Фото:википедија

Најмалку едно лице е убиено, а петмина се повредени во пукање што се случило во северна Швајцарија утрово, соопшти денес кантоналната полиција Аргау, пренесува „Ројтерс“.

Полицијата соопшти дека е во тек голема операција и ги повика граѓаните да достават видеа или фотографии од инцидентот. Таблоидот Blick објави дека пукањето се случило на рејв забава.

На снимката објавена на веб-страницата на Blick може да се слушнат низа истрели.

Швајцарија има една од највисоките стапки на поседување оружје во Европа, но вооружените напади се ретки. Земјата усвои построги правила за контрола на оружјето во 2019 година, објавува „Ројтерс“.

ИЗДВОЕНИ