
Зеленски пристигна во Париз со сопругата Олена. По билатералната средба, двајцата претседатели Зеленски и домаќинот Емануел Макрон ја чекаа заедно со првата дама на Франција Брижит Макрон.
Пристигнувањето на Олена е поврзано со нејзиниот ангажман во, како што се нагласува, враќањето на украинските деца од Русија, како и со означувањето на почетокот на украинската културна сезона под покровителство на Кеј д’Орсеј.
Претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски, денес во Париз разговараат за американскиот план за ставање крај на војната на Русија во Украина, објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница.
Елисејската палата објави дека Макрон и Зеленски ќе одржат заедничка прес-конференција по ручекот и разговорите еден на еден.
Ова е десетта посета на Зеленски на Париз од почетокот на руската инвазија на Украина кон крајот на февруари 2022 година.
Посетата доаѓа еден ден по разговорите меѓу делегациите на САД и Украина во Флорида, а пред заминувањето на американскиот претставник Стив Виткоф во Москва за да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин утре.
Русија испали ракети врз Киев минатиот викенд, при што загинаа неколку лица, а десетици беа ранети.
Украина ја презеде одговорноста за нападите со беспилотни летала врз танкери од таканаречената „фантомска флота“ што Русија ја користи за да ги заобиколи санкциите за извоз на сурова нафта.











