Првата програмерка АДА „замолче“, никој не ја одржува во живот

Извештај на ДЗР за употреба на Вештачка интелегенција во јавниот сектор

664

Со години се финасирале проекти за користење на Вештачката интелегенција, а не се употребувале. Повеќе од 6 милиони евра за 48 проекти од кои немаме никаво фајде. И првата дигитална програмерка во светот АДА која требаше да привлекува странски инвестиции, „замолче“ и не одговара на прашањата бидејќи нема кој да ја одржува во живот. Македонија според глобалните индекси се уназадува во сферата на дигитализација и употребата на ВИ. И додека во светот автомобилите возат без шофер, ние одиме од шалтер на шалтер.

Македонија се дигитализира – од денеска сите граѓани и инвеститори ќе можат да го користат услугите на дигиталниот асистент во јавниот сектор АДА, со кој земјата ги следи светските трендови во областа на вештачката интелигенција,  оваа изјава од пред две ипол години на тогашната Влада предводена од Димитар Ковачевски гледана од денешна перспектива е лажна вест.  Дигиталниот асистент кој требаше да одговара на стотици прашања од потенцијалните инвеститори за условите за инвестирање во земјава не работи бидејќи не е продолжен договорот со фирмата која ја одржува апликацијата.

„Иако Владата на Македонија во 2023 година го промовираше првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција АДА, со цел зголемена транспарентност и подобра информираност за инвестициските можности, алатката веќе не е во функција, и покрај вложените 150 илјади евра, една од причините е што не е продолжен договорот со економскиот оператор кој ја изработил и ја одржувал апликацијата, стои во ревизорскиот извештај на тема можностите за употреба на вештачката интелегенција во јавниот сектор, според кој ниту државата ги следи модерните светски трендови, ниту АДА веќе ја преставува Македонија како поволна инвестициска дестинација.

„Од 2012 година преку Фондот за иновации и технолошки развој се кофинансирани 48  проекти со употреба на Вештачка интелегенција,  во износ од 6,1 милион евра, но поради недоволна транспарентност, слаб публицитет и отсуство на системски пристап, ниту еден од овие проекти не е имплементиран во јавниот сектор, открил Ревизорот.

А придобивките од користењето на Вештачката интелегенција во јавниот сектор се огромни, така на пример во здравството може да се користи во рано дијагностицирање на болестите, анализа на слики, поставување терапии. Во секторот енергетика со управување на потрошувачката и производството на електирчна енергија, во образованието го олеснува учењето, во безбедносниот сектор превенира од криминал. Понатаму може да помогне во откривањето на финсиските измами, помага во предвидување на жетви, контрола на штетници по земјените посеви, автоматизација на индустријата. И на крај можеби најкорисна во нашата болна точка, а тоа е нјзиното користење во јавната администрација заради поефикасни и побрзи услуги.

„Национална стратегија и законска регулатива за утврдување на правилата за имплементација на проекти со вештачка интелигенција во јавниот сектор не е донесена.Ограничената достапност на отворени податоци, слабата координација со меѓународните тела и ниската институционална подготвеност претставуваат сериозни пречки за развој на вештачката интелигенција во државата, заклучуваат од ДЗР

Иако уште во 2018 година беше воведен  Портал за отворени податоци, сепак тој не функционира од почетокот на 2025 година, што ја ограничува транспарентноста и иновативниот потенцијал на бизнис-секторот. Според  Глобалниот индекс за одговорно користење на вештачка интелигенција (GIRAI), за југоисточна Европа нашата земја се наоѓа на 6-тото место од рангираните 9 држави.

Од друга страна, според Глобалниот индекс на иновации (GII) за 2024 година, Македонија бележи пад за четири позиции од 54 на 58 место. И индексот за подготвеност за ВИ на ММФ ја позиционира земјата на 77 место од 174 држави, што укажува дека иако постои потенцијал, потребни се значителни подобрувања во дигиталната инфраструктура, човечкиот капитал, иновациите и економската интеграција и регулативата, потенцираат во извештајот ревизорите.

И така инспирацијата за првата дигитална програмерка во светот АДА исчезна, а парите поторшени за иновативните проекти залудно потрошени.  АДА требаше да опслужува неограничен број на корисници истовремено, без чекање и непотребно префрлување од институција до институција и можеби најклучното требаше да се отстрани просторот за манипулација. (П.А.)

 

 

ИЗДВОЕНИ