понеделник, јануари 19, 2026
Дома СКОПСКА Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800...

Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра

50

Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата на своја територија.

– Во изминатиот период беа извршени контроли на 30 градилишта, при што беа изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра – информираа од Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека локалната самоуправа ќе реагира за секое нарушување на јавниот простор и на безбедноста на граѓаните.

– Континуирано спроведуваме надзор на активните градилишта во Општината. Сите што ги прекршуваат прописите и го узурпираат јавниот простор, ќе се соочат со соодветни мерки. Наша цел е да обезбедиме уредена средина за граѓаните – нагласи Герасимовски.

Од Општина Центар додаваат дека редовните контроли се дел од пошироката заложба за спречување бесправна градба и заштита на заедничкиот простор.

 

ИЗДВОЕНИ