Пронајдено телото на исчезнат 76-годишен маж од село Битуше

96

На 12.06.2025 во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(76) од с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, за кој на 29.05.2025
беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

ИЗДВОЕНИ