На 21 мај, со почеток на 19:30 часот, во Аудиокултура ќе се одржи промоција на новиот компакт-диск на дуото Добрила и Дориан „Wind To Blow” (Ветер да подујне).

По „Апокриф” и „Пиле Шарено”,  „Ветер да подујне“ е трет по ред албум на Добрила и Дориан во издание на СЏФ Рекордс.  Албумот е снимен, миксан, мастериран и продуциран од Дориан Јовановиќ во Профундус студиото во Скопје. Дизајнот е на Ника Гавровска, а фотографиите на Наташа Величковска.

Концертната промоција на албумот ќе се случи на 4 јуни, во Националната опера и балет во рамките на „25. Оффест“.

–Добрила Грашеска (вокал, вокални лупови) и Дориан Јовановиќ (ут, лупер, електроника, програмирање) се познати од „Чалгија саунд систем“ како чувари на традицијата. Но, нивниот дует направи и нешто повеќе. Според нивните зборови, нивниот прв албум „Апокриф“ изврши „тивка офанзива“ преку спојување на глас, уд, лупови и импровизација. Нивното деби претставува фузија помеѓу познатото и непознатото, прифатеното и необичното, тишината и звуците од околината, како и желбата за откривање и препознавање. Можеби токму затоа и регионалните и меѓународните музички критичари го прогласија албумот за ремек-дело во жанрот на глобалната музика. Повеќето состави не успеваат да импресионираат со вториот обид, но со притисокот дојде и издигнување над сигурната формула, па така се испили „Пиле Шарено”. Овој пат со електронски модификатори применети не само на удот, туку и на гласот. И покрај шарениот наслов, следниот албум беше поглед навнатре, привлекувајќи уште повеќе пофалби од критичарите. Признанијата доведоа до бројни настапи низ Европа, дополнително зацврстувајќи ја интимната врска на дуото и, за возврат, барајќи уште музика. Наведува да се прашаме што се крие зад третата врата. Можеби нешто лирско, бавно, со добра приказна. Концертот на „Оффест“ е ексклузивна промоција на новиот, трет албум на Добрила и Дорјан, соопштуваат од „Оффест“.

ИЗДВОЕНИ