Промоција на новиот роман на Венко Андоновски „Александар јава на запад“ во МНТ

1

На малата сцена во МНТ, на 4 декември со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоција на „Александар јава на запад“, новиот роман од Венко Андоновски. По точно три години од објавувањето на еден од неговите најуспешни романи – „Папокот на светлината“, кој веќе брои шест изданија и му ја донесе големата меѓународна Толстоева награда, Венко Андоновски се враќа на сцената со „нов жанр“, кој самиот пародиски го именува како „чекајќи роман“.

– Што се случува кога поради љубов и неправда ќе оживеат два споменици на скопскиот плоштад, оној на Александар и оној на Гоце Делчев, па ќе тргнат да видат како изгледа светот денес? Што се случува кога решава Александар (со Гоце) да тргне на поход на Запад наместо на Исток, зашто на Исток веќе бил, а за Западот само слушал дека е подобар и од неговото некогашно царство? Се случуваат фасцинантна фарса, ведра гротеска, хумор до солзи, неочекувани пресврти, апсурди што засмејуваат, бесмислици што растажуваат… – се посочува за романот.

Промотори на романот ќе бидат истакнатата македонска книжевна теоретичарка и професорка, Весна Мојсова-Чепишевска, и долгогодишниот македонски новинар и политички аналитичар, Ерол Ризаов.

ИЗДВОЕНИ