Во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје на 21 мај (18:30 ч.) ќе се одржи промоција на книгата „Зборовезница на едно новинарско перо“ од Милева Лазова.

Во книгата се поместени интервјуата кои Лазова, како новинар во неделникот „Македонско сонце“, што ги има направено со доајените на македонската музика, народна и забавна, меѓу кои Александар Сариевски, Васка Илиева, Виолета Томовска,  Наум Петревски…, но и со Тоше Проески, групата „Леб и сол“…

Промотори на книгата се Валентина Горгиевска и Лилјана Стоилковска, а модератор е Оливера Јовановски.

Настанот ќе биде збогатен со музички гости, Васил Атанасов на обоа, Влатко Митев на тапан, Сашко Митев, инструменталист и пејач, како и Едукативно здружение „Седум осмини“.

ИЗДВОЕНИ