Од денеска, поради продолжениот празничен викенд, се очекуваат значително поголеми застои и зголемен интензитет на сообраќајот на граничните премини кон Грција.
Уште од рано изутрина, на граничниот премин Богородица е забележана зголемена фреквенција на возила. Видеокамерите од граничниот пункт прикажуваат долга колона автомобили наредени во повеќе ленти кои чекаат за излез од Македонија.
Зголемениот притисок врз границата се должи на празничните денови кои голем број граѓани ги користат за заминување кон грчкото крајбрежје, но и на редовната летна смена на туристите. Според проценките, гужвите и подолгото време на чекање ќе продолжат и во текот на попладневните часови.
На сите возачи кои планираат да патуваат кон соседна Грција им се препорачува трпение, како и претходна проверка на актуелната состојба на граничните премини пред тргнување на пат.
Пат кон Грција пред последниот викенд од август: На Евзони ќе почна „да врие“ веќе од попладнево!












