Приведен жител на демирхисарско Обедник – при претрес на неговиот дом пронајдени оружје и муниција

22

Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско.

Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.

По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗДВОЕНИ