
Американскиот потпретседателот Џ. Д. Венс и неговата сопруга, втората дама Уша Венс, во неделата го објавија раѓањето на нивното четврто дете, прво родено за време на мандат на потпретседател по повеќе од 150 години.
„Возбудени сме што објавуваме дека нашето момче, Алек Нил Венс, се роди утрово. Уша и бебето се среќни и здрави, а нашите деца се пресреќни што го запознаа својот мал брат“, стои во изјавата потпишана од двајцата сопружници.
Алек Нил Венс им се придружува на постарите браќа и сестри Јуан (9); Вивек (6); и Мирабел (4).
Зголемувањето на семејството на републиканскиот потпретседател е во согласност со неговото страсно залагање Американците да имаат повеќе деца. Тој, исто така, посочи дека убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк, кој му беше пријател, во 2025 година, влијаело врз одлуката да има уште едно дете.











