Меган Маркл неодамна ја искористи својата титула за да потпише кутија за подароци и со тоа изгледа дека прекршила важен договор, што го налути принцот Вилијам.
Принцот Вилијам, наводно, планира да ги одземе титулите на кралското височество на својот брат Хари и неговата сопруга Меган Маркл откако го наследи тронот од нивниот татко, кралот Чарлс III.
– Чарлс може да го трпи ова, но Вилијам не. „Тој ги презира и мрази Хари и Меган со целото свое битие, верува дека тие предале сè за што се залага нивното семејство, а помислата дека тие го користат нивниот кралски статус ќе го разбесни“, изјави извор за Daily Beast, наводно мислејќи на тоа дека Меган ја користела нејзината титула за да ги промовира производите As Ever.
Меган и Хари го налутија принцот Вилијам
Изворот исто така тврди дека Меган го прекршила договорот со покојната кралица Елизабета. Во понеделникот, по појавувањето на подкаст, Меган потпиша кутија за подароци со нејзините производи и остави белешка на која пишува: „Со поздрав од нејзиното кралско височество, војвотката од Сасекс“.
Извор близок до Меган рече дека таа не го прекршила договорот со кралицата бидејќи кутијата била „личен подарок“.
– Хари и Меган ги задржуваат титулите. Но, според договорот не ги користат за комерцијални цели. „Иако титулата не ја користат јавно, ова беше личен подарок и нивните титули остануваат“, рече тој.
Поранешен дворјанин изјави за странски медиум дека одбраната на Меган е „глупост“. Тој тврди дека, откако се откажале од своите кралски должности, се согласиле воопшто да не ги користат титулите на кралското височество. Се чини дека неговата изјава е потврдена од официјалната, јавно достапна изјава на двојката за нивното заминување од кралските должности.