Пријателите на „Бекутан“ го одбележаа Денот на предвреме родените деца: Големите приказни на малите херои

37
„Големината не се мери во грамови, туку во храброста. Чуда навистина постојат, секое бебе што предвреме пристигнало, има своја приказна – рече педијатарот со огромно искуство во професијата, Марина Поп Лазарова, на трибината организирана од тимот на „Бекутан“, а посветена на предвреме родените деца. Пријателите на „Бекутан“ раскажаа емотивни приказни, секоја слична со неочекуваното доаѓање на свет, но различна во борбата, храброста и истрајноста, која има име Бојан, Луна, Симона, Матеј… „Бекутан“ направи тестирање на бебешкиот крем „сос сензитив“ во пет родилишта, на 400 предвремено родени деца. Се премачкувале регијата кај пелените и црвеникавата кожа на телото и на лицето. Уште во петтиот ден од премачкувањето на бебешката кожа, ефектот што го постигнал кремот „сос“ бил одличен. Верувајте во професионалците, порачаа родителите на трибината за предвремено родени деца.

 

На денот на предвреме родените деца, пријателите на „Бекутан“ раскажаа емотивни приказни, секоја слична со неочекуваното доаѓање на свет, но различна во борбата, храброста и истрајноста, која има име Бојан, Луна, Симона, Матеј. Докторките неонатолози ги пренесоа искуствата и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат овие мали борци да живеат здраво во иднина.

– Големината не се мери во грамови, туку во храброста. Чуда навистина постојат, секое бебе што предвреме пристигнало, има своја приказна – рече педијатарот со огромно искуство во професијата, Марина Поп Лазарова, на трибината организирана од тимот на „Бекутан“, а посветена на предвреме родените деца.

Докторката Симонида Спасески зборуваше за поддршката што треба да им ја дадат неонатолозите на родителите, кои сè уште не се подготвени за новиот член во семејството. Од десет родени деца, едно е недоносено, секое има различна адаптација. Докторката Спасески се присети на својата борба пред седум години, кога неочекувано, во својата 31. гестациска недела, дознала дека ќе се породи предвреме. Бебето се родило килограм и осумстотини грама и тогаш почнало прашањето дали ќе биде развојот во од со неговите врсници. Лекарите се грижат и за здравјето на предвреме родените бебиња, но истовремено се и психијатри за родителите.

Докторката Силвана Наунова-Тимковска вели да се биде неонатолог е предизвик, бидејќи е потребна храброст за да се направи чудо.

– Од нашите одлуки зависи нивниот живот. Бебето што не можело да дише претходно, сега е дома, и тоа е нашата мотивација, се исплати секоја непроспиена ноќ – се гордее докторката.

Дерматологот Катерина Дамчевска вели дека вниманието кон кожата кај предвреме родените бебиња е многу важно, немала време да созрее и да ги извршува заштитните функции, таа е темноцрвена и нема доволно протеини. Независно од гестациската недела, порано роденото дете има сосема зрел нервен систем, кој е многу сензитивен.

Предвременото раѓање го извршуваат посебни тимови. Како ќе се третира, зависи од гестациската недела, оние под 30. недела имаат потреба од следење поради проблемите со адаптацијата. Но, и по 34. треба да се под надзор. Лекарите ги нарекуваат нив „џинови на стаклени нозе“, односно имаат нешто кажано, но недокажано. Децата родени под 28. гестациска недела припаѓаат со 1 % и тие се под 1.000 грама, па затоа е потребно да бидат во инкубатор, каде што добиваат респираторна поддршка, терморегулација, третман на рана и, најважно од сè, е  вклучувањето на мајчиното млеко од самото раѓање. Колострумот, кој е првото мајчиното млеко, не е само храна туку и лек. Тука докторите го издвојуваат и кенгурирањето или контактот кожа со кожа помеѓу мајката и бебето, што не е само емоционален момент туку и го смирува и го топли бебето. Мајчиното млеко е златен стандард во исхраната, особено кај предвреме родените деца. Потребна е стимулација во смисла на измолзување на мајката и хранење преку сонда, што придонесува за добивање тежина и за напредување. Неонатолозите ја истакнуваат важноста на мајчиното млеко, дека е важна секоја капка. Ако нема млеко, лекарите се осврнуваат на формули, а во тешки случаи, бебињата се хранат преку инфузија.

Колострумот е првата вакцина на бебето. Преку првото мајчино млеко, бебето го добива наследството на сите антитела од мајката и тоа му помага во одбраната на организмот, ама и во иднина, во текот на растот и развојот. Според студиите, за 5 до 15 отсто се намалува ризикот од несакани последици доколку е хрането детето со мајчино млеко. Доените бебиња имаат поголема интелигенција и повеќе се справуваат со стресот, покажала студија направена на 14.000 бебиња на интензивна нега.

„Бекутан“ направи тестирање на бебешкиот крем „сос сензитив“ во пет родилишта, на 400 предвремено родени деца. Се премачкувале регијата кај пелените и црвеникавата кожа на телото и на лицето. Уште во петтиот ден од премачкувањето на бебешката кожа, ефектот што го постигнал кремот „сос“ бил одличен.

Верувајте во професионалците, порачаа родителите на трибината за предвремено родени деца. (П.А.)

ИЗДВОЕНИ