Денеска при претрес на домот и други простории како и товарно возило „мерцедес“ лишено е од слобода лице од скопско, откако се пронајдени пиштоли и муниција.
Денеска (24.10.2025) полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во координација со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по претходна судска наредба извршија претрес во домот и други простории како и товарно возило “мерцедес” сопственост на Б.Х.(51) од с.Рашче,скопско при што биле пронајдени и одземени: 7 пиштоли, 14 рамки и 318 куршуми различен калибар, соопшти МВР.
Оттаму, соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.












