Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, го информираше амбасадорот на Турција во земјава, Фатих Улусој, за планираните инфраструктурни проекти, а се отвори и прашањето за унапредување на соработката во делот на транспортниот сектор.

Николоски нагласи дека Турција е значаен трговски партнер на Македонија, со потенцијал за зголемување на надворешно трговската размена и со значаен број турски инвестиции во земјава. Во таа насока, нагласи дека Владата во континуитет работи на унапредување на условите за инвестирање во земјата.

– На средбата се разговараше и за актуелните состојби меѓу двете земји, цврстите врски меѓу државите и добрата соработка. Вицепремиерот Николоски изрази благодарност за досегашната поддршка што ја овозможува Турција и ја нагласи потребата од интензивирање на меѓусебната соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји – велат од Министерството за транспорт.

ИЗДВОЕНИ