четврток, октомври 15, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Претставени најновите проекти на Општината

Претставени најновите проекти на Општината

1

Претставници на Oпштина Битола учествуваа на форумот „Зајакнување на учеството на граѓанското општество и социјалниот дијалог во праведната енергетска транзиција“, кој се одржа во Скопје.

Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, се обрати во воведните излагања, заедно со заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ, и со Јохан Шмит, претставник на интернационалниот центар „Олоф Палме“ од Шведска.

– Секретарот Димитровски ги претстави пред присутните, во двојно својство, како претставник на општинската администрација и како заменик-претседавач на ЛЕСС (Локален економско-социјален совет) Битола, најновите проекти што ги реализира Општината во овој период: новиот проект со „Енерџи комјунити“, преку кој се подготвува платформа или мапирање на сите потенцијали за обновливи извори на Општината, и неодамна потпишаниот меморандум во Будва, со кој и практично се става акцент на индустриската зона Жабени. Двата проекти ја ставаат Битола високо на мапата на региони, каде што Општината, во своите законски рамки, работи на спроведување на капацитетите и на зелените решенија за својата иднина – соопштија од Општина Битола.

Оттаму додаваат дека Димитровски ја посочил и важноста на ЛЕСС Битола, како тело што цврсто придонесува за подобрување на економската и на социјалната состојба во Општина Битола, преку дијалог и соработка меѓу локалната самоуправа, работодавците и синдикатите.

На форумот учествуваат релевантни претставници на граѓански организации, институции и други чинители од Македонија, Грција, Бугарија, Србија, Косово и од Албанија. Форумот овозможи размена на искуства и на добри практики од регионот, како и дискусија за улогата на локалните институции, граѓанското општество, ЛЕСС, синдикатите и другите учесници во процесот на праведна транзиција.

 

 

ИЗДВОЕНИ