Претседателот на Малдиви го надмина и Зеленски, постигнувајќи нов светски рекорд – одржа 15-часовна прес-конференција

72
Претседателот на Малдиви Мохамед Муизу држеше 14 часа и 54 минути прес-конференција со што го урна рекордот од 14 часа, колку што траеше прес-конференцијата на претседателот на Украина Володимир Зеленски во 2019 година.

 

Конференцијата која ја водеше Муизу (46) почна во саботата во 10.00 часот по локално време и траеше речиси 15 часа, прекинувана со кратки паузи и молитви, се наведува во соопштението на неговиот кабинет кој додава дека Муизу „непрекинато одговарал на новинарски прашања“.

Во октомври 2019 година, украинската агенција за евиденција соопшти дека прес-конференцијата што ја организирал Зеленски траела 14 часа и тогаш е урнат рекордот за прес-конференција на претседателот на Белорусија Алексанадар Лукашенко, во трање од седум часа.

Владата на Малдиви, архипелаг во Индискиот океан со 550.000 жители, соопшти дека сесијата на прашања и одговори имала за цел да се одбележи Светскиот ден на слободата на печатот, 3 мај.

Муизу ја „препознал суштинската улога на печатот во општеството и ја нагласи важноста на фактичкото, врамнотежено и непристрасно новинарско известување“, пишува во соопштението.

Претседателот на Малдивите, избран во 2023 година, сакаше да одбележи скок од две места кои неговата земја ги оствари на Светскиот индекс на слобдата на печатот на невладината организација „Репортери без граници“. На тој список Малдиви сега се на 104-тото место меѓу 180 земји.

Во текот на маратонската конференција, шефот на државата одговараше на прашања кои на новинарите им ги поставуваа граѓани. Присуствуваа дваесетина новинари, се наведува во соопштението и се додадава дека во текот на конференцијата била служена храна.

Малдиви имаат по четири дневни весниви и ТВ-станици, а мнозинството од населението (60 отсто) се информира преку интернет, додека весници читаат само девет отсто од граѓаните.

 

 

ИЗДВОЕНИ