Претседателката на Косово Вјоса Османи прими оваа седмица смртни закани, изјави нејзиниот советник за медиуми Беким Купина, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Во соопштението за медиумите, тој рече дека „овоседмичната закана е продолжение на тековните закани по живот на претседателката Османи“.
Купина ги критикуваше органите на правосудството поради нивното „непостапување“ во овие случаи.
„И покрај десетиците закани – повеќето по живот – со години не е преземена никаква акција против сторителите“, рече тој.
Купина наведе дека во „повеќето случаи“ заканите биле упатени со „име, презиме и препознатлив профил на сторителот“, но не изнесе повеќе детали за заканите и сторителите.
„Некои закани се упатувани дури во телевизиски емисии“, но дури и тога немаше акција креаторите на заканите да бидат повикани на одговорност“, нагласи тој.
Според неговите зборови, случајот на „последователни закани по живот на претседателката и нејзиното семејство е единствениот во историјата на институцијата, како што ни кажаата од безбедносните институции, во кој никој од креаторите на заканите не излегол пред лицето на правдата“.
„Оваа опасна клима ги охрабрува другите да го следат истиот урнек: потиткнување насилство, повици на физичка елиминација и целосно запоставување на уставниот поредок“, додаде тој.