Премиерот на Непал поднесе оставка откако демонстрантите му ја запалија куќата

38
Фото:принтскрин, видео Х

Премиерот на Непал, К. П. Шарма Оли, поднесе оставка откако демонстрантите ја запалија неговата куќа за време на протестите поради забраната за социјални медиуми што беше укината рано утрово, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение од кабинетот на премиерот.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, според „Хималаја њус“, и иако властите соопштија дека на безбедносните сили им е наложено да се воздржат од напади и дека не е дозволена боева муниција, имаше извештаи за повреди од огнено оружје и куршуми.

Во неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Катманду, е воведен полициски час, а училиштата и меѓународниот аеродром се затворени.

За време на протестите, демонстрантите ги запалија домовите на министерот за внатрешни работи Рамеш Лека, на лидерот на Комунистичката партија на Непал, Пушпа Камал Дахал, и на приватно училиште во сопственост на министерот за надворешни работи Арза Деуба Рана, објави АП.

Масовниот насилен протест и напад врз парламентот започнаа вчера како протест против забраната за платформите на социјалните медиуми, но беа поттикнати од растечкото незадоволство од политичките партии, кои многу граѓани ги обвинуваат за корупција.

ИЗДВОЕНИ