Преговарачкиот процес за Украина во моментов е на чекање, бидејќи САД имаат многу други обврски, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
– Што се однесува до преговарачкиот процес, да, тој во моментов е на чекање, рече Песков.
Американците имаат многу други работи да направат, јасно е кои, и во овој контекст сега е тешко да се соберат во трилатерален формат – изјави Песков за новинарите.
Тој истакна дека Кремљ нема сигурни информации за наводно планираната посета на специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф и зетот на американскиот лидер Џаред Кушнер на Киев по Велигден.
– Не, немаме сигурни информации дека таква посета е всушност планирана, потврди Песков. Слушнавме изјави од претставници на киевскиот режим дека, наводно, ова прашање би можело да биде на дневен ред – тие мислат на доаѓањето на Виткоф и Кушнер – објасни портпаролот на Кремљ.












