Територијата на Македонија во текот на оваа ноќ ќе потпадне под уште поладна и поларна воздушна маса од север која дополнителнмо ќе ги спушти температурите на воздухот, а исто така облачноста ќе се намали но ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, објави Метеоаларм.
Утрешното утро биде екстремно ладно во Македонија со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -5 степени, а во планинските места температурите се очекува да се спуштат и до -20 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушти до околу -10 степени.
Многу ладно ќе биде и преку денот со температури кои ќе останат под нулата, односно преку денот температурата ќе се искачува во интервалот од -7 до 1 степен. Во Скопје температурата во текот на утрешниот ден ќе се искачи до околу 0 степени.
Поради екстремно ниските температури оваа ноќ се очекува и појава на силни мразеви и на голомразица по патиштата, па се апелира возачите да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила.












