Перименопаузата е период кој претходи на менопаузата и најчесто трае меѓу четири и десет години. Овој природен процес, проследен со хормонални промени, предизвикува широк спектар на физички и емоционални симптоми кои можат значително да влијаат на секојдневниот живот.
Милиони жени добро знаат какви проблеми може да донесе: многумина тешко се снаоѓаат во новонастанатата ситуација, кога целото тело поминува низ трансформација и кога правилата на игра на кои биле навикнати веќе не функционираат.
Перименопаузата носи низа промени и проблеми, а еве како да се одржи идеалната тежина.
Кога одлучуваме да објавиме „војна“ на вишокот килограми, најчесто е доволно да „ја пробушиме лажицата“, да го регулираме режимот на исхрана, да исфрлиме одредени намирници, да ги намалиме порциите и да ја зголемиме физичката активност.
Меѓутоа, голем број жени над четириесет години забележуваат дека традиционалните методи веќе не помагаат и не се толку ефикасни како порано. Слабеењето може да трае со месеци, а килограмите често се враќаат и покрај сите напори, што знае да биде многу фрустрирачки.
Што не е во ред? Сè правиме како што треба, исто како пред две децении, но телото реагира поинаку. Причината не мора да биде недостаток на дисциплина – едноставно, правилата се промениле, а биолошкиот часовник го прави своето. Со други зборови, ни „смета“ перименопаузата – преодниот период пред менопаузата кој многу жени со право го опишуваат како вистинско бојно поле.
Кога борбата со килограмите станува сериозна
Траењето на оваа фаза варира од личност до личност – понекогаш пократко, понекогаш подолго, од пет до десет години. Најголемо влијание имаат генетиката, начинот на живот и општата здравствена состојба. Се манифестира на различни начини и често создава хаос во организмот. Еден од проблемите се и килограмите кои се таложат и тешко се симнуваат.
Наглите промени во расположението и топлите бранови се само дел од симптомите.
Стручњаците потсетуваат дека основите за контрола на тежината остануваат исти: редовна физичка активност, урамнотежена исхрана и ограничување на калории. Но што кога тежината расте иако не сте го промениле начинот на живот? Тогаш е добро да се консултирате со лекар.
Ако сè е во ред, тогаш станува збор за нешто друго – нешто сосема нормално: перименопауза.
Перименопаузата влијае на метаболизмот повеќе отколку што мислите
Во овој период телото постепено се прилагодува на хормоналните промени, а нивото на половите хормони варира. Се нарушува менструалниот циклус, спиењето, се појавуваат топли бранови и промени во расположението.
И метаболизмот се менува – се забавува, бидејќи телото поинаку ја користи енергијата. Поради тоа, дури и нормалната исхрана може да доведе до зголемување на тежината, особено во пределот на струкот и колковите.
Еден од главните причини е падот на естрогенот, хормон кој влијае на метаболизмот и распределбата на мастите.
Зошто вообичаената исхрана не помага?
Многу жени продолжуваат да се хранат како во своите триесетти, иако потребите на телото се промениле. Калориите кои порано биле доволни, сега веќе не даваат исти резултати.
Со возраста се намалува и мускулната маса, а тоа значи дека телото троши помалку енергија во мирување. Затоа се препорачуваат и вежби за сила, а не само кардио тренинг.
Врската меѓу сон, стрес и апетит
Недостатокот на сон и хроничниот стрес влијаат на апетитот и често водат до зголемена желба за слатки и калорична храна.
Најголемата грешка е очекувањето брзи резултати како порано. Телото сега функционира поинаку, па потребни се трпение и долгорочни навики.
Решение постои
Пешачете, вежбајте со тегови, внесувајте доволно протеини и избегнувајте стрес. Клучот е во постојаност, а не во брзи диети.












