Прашината околу руската ракета не се спушта! Кремљ: „Буревестник“ нема да ги затегне односите Москва-Вашингтон

119

Тестирањето на ракетата „Буревестник“ не треба на никаков начин да им наштети на односите меѓу Москва и Вашингтон. Тие веќе се на прилично ниско ниво, нагласи портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на брифинг.

– Тука нема ништо што би можело или треба да ги „затегне“ односите меѓу Москва и Вашингтон, особено затоа што овие односи се на најниско ниво – истакна портпаролот на Кремљ.

– Досега се направени само првите срамежливи напори за извлекување на овие односи од состојба на парализа – додаде Песков.

Коментирајќи ја посетата на специјалниот претставник на рускиот лидер за економски односи, Кирил Дмитриев, на САД, тој нагласи дека неформалните контакти меѓу Русија и САД се важна компонента на дијалогот, вклучително и поради голем број непријателски чекори преземени од Вашингтон.

ИЗДВОЕНИ