
Новиот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, се вклучи во трката по потписот на словенечкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко. Младиот напаѓач сигурно ќе ја промени средината за време на летниот преоден рок, но заинтересираниот клуб ќе мора да ја активира ослободителната клаузула од 80 мил. евра.