Со финалето меѓу Шпанија и Аргентина му беше ставен крај на Светското првенство 2026, а познат е и конечниот поредок на најдобрите стрелци на турнирот. Престижната „Златна копачка“ заслужено заврши во рацете на Килијан Мбапе, кој блескаше со 10 гола и четири асистенции.
Иако Франција не успеа да стигне до титулата, Мбапе беше најефикасен фудбалер на Мундијалот и уште еднаш потврди дека е еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Втор на листата е капитенот на Аргентина, Лионел Меси, со осум погодоци и четири асистенции, додека третото место му припадна на Џуд Белингам, кој постигна седум гола и еднаш асистираше.
Ист број голови како Белингам имаше и Ерлинг Халанд, кој остана четврти поради послабиот учинок во асистенциите. Во топ-5 се најде и Усман Дембеле со шест гола и две асистенции, пред Хари Кејн, кој го заврши турнирот со шест погодоци и една асистенција.
Кај новиот светски шампион, Шпанија, најефикасен беше Микел Ојарзабал со пет гола, додека листата на десетте најдобри ја комплетираат Џулијан Кинонес, Исмаила Сар и Винисиус Жуниор.











