Избувна пожар во воена база во канадската провинција Алберта, при што има загинати и повредени.
Канадскиот министер за национална одбрана, Дејвид Мекгинти, не прецизираше колку луѓе настрадале, ниту пак ја наведе причината за пожарот, кој се случил во саботата вечерта (по локално време) во базата „Вејнрајт“, лоцирана на околу 210 километри источно од Едмонтон, пренесува Ројтерс.
Канадската војска и полиција започнаа истрага за инцидентот.
Канадскиот премиер Марк Карни на социјалните мрежи објави дека федералната влада тесно соработува со владата на Алберта и со локалните власти во спроведувањето на истрагата, пренесува „Бета“.












