вторник, јули 14, 2026
Дома БАЛКАН Пожар на грчки остров, огнената стихија се приближува до населените места: Граѓаните...

Пожар на грчки остров, огнената стихија се приближува до населените места: Граѓаните добиваат СМС пораки да се биде во готовсност за евентуална евакуација

23

Во областа Латас на грчкиот остров Евија е во тек голема операција за гаснење на пожарот, кој се приближил до населените места, објавија грчките медиуми.

Во гаснењето учествуваат 68 пожарникари со два тима од 20-та пешадиска дивизија, 20 противпожарни возила, шест канарди и три хеликоптери, објави „Катимерини“.

До жителите на Евија е испратена СМС порака од надлежната државна служба и предупредување да бидат во готовност за евентуална евакуација, особено во земјоделското и шумското подрачје во областа Латас каде што пожарот се приближува до населените места, пренесува „Танјуг“.

Пожарникарите постојано добиваат засилување за да се изборат со пожарот додека пристигнуваат цистерни со вода.

ИЗДВОЕНИ