Повеќе од 180.000 луѓе погодени во поплави во Кина, 68.000 жители евакуирани

30

Повеќе од 180.000 луѓе се погодени од силни поплави во округот Хуаиџи, градот Жаоќинг, покраината Гуангдонг во јужна Кина, по обилните дождови од саботата, соопштија локалните власти.

Врнежите од дожд се предизвикани од комбинација од тајфунот Вутип – првиот тајфун во годината – монсунски дождови и прилив на вода од повисоките области, објави Синхуа.

До 7:05 часот наутро денес, нивото на водата во Хуаиџи достигна 55,22 метри, 5,22 метри над нивото на предупредување.

ИЗДВОЕНИ