Постариот брат на музичарите од бендот „Оејзис“ e обвинет за силување и неколку други кривични дела

24

Пол Галагер (59), постариот брат на познатите музичари Лиам и Ноел Галагер од британскиот бенд „Оејзис“, е обвинет во лондонски суд за силување, сексуален напад и голем број други кривични дела, објави денес лондонската полиција, пренесува „Танјуг“.

Во полициското соопштение се вели дека Галагер е обвинет за силување, три сексуални напади, три точки за намерно задушување, две смртни закани, семејно насилство и напад со телесни повреди, објавува „Еуроњуз“.

Според полицијата, делата се извршени помеѓу 2022 и 2024 година, а истрагата е започната претходно оваа година.

Веста доаѓа во време кога Лиам и Ноел Галагер моментално се на турнеја наречена „Live ’25“, која ги обедини Оејзис за прв пат по турбулентното распаѓање на групата во 2009 година, објаснува „Еуроњуз“.

Пол Галагер, кој е седум години постар од Лиам и една година постар од Ноел, никогаш не бил дел од бендот, но со години е присутен во медиумите како диџеј, фотограф и автор.

ИЗДВОЕНИ