
Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан ќе се обидат уште една да најдат заеднички јазик со првиот голман, Мајк Мањан, околу продолжувањето на соработката. Репрезентативецот на Франција има договор со „росонерите“ до крајот на актуелната сезона, а доколку не биде продолжена соработката до 1. јануари, Мањан ќе има право да преговара со заинтересираните клубови.










