Од 28 до 30 август, на плоштадот „Димитар Беровски“ во Берово ќе се одржи „Етноплоштад фестивал“.
Од Општината најавуваат уникатна атмосфера, богата културно-уметничка програма со многу музика, настапи во живо, традиционални звуци и современи ритми и изложби.
Оние што ќе присуствуваат на овој фестивал ќе можат да вкусат и традиционални малешевски специјалитети, да купат рачни изработи и домашни производи, во рамки на Саемот на традиционални производи.
– Сè на едно место – етнодухот, музиката, гастрономијата и гостопримството на Берово. Спакувајте позитивна енергија и дојдете – Берово е вашата следна дестинација и центар на случувањата на Истокот – повикуваат од Општината.