Утре во Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај поради протестен марш, кој ќе започне во 12:30 часот, а се организира од група граѓани како израз на незадоволство поради поради неспроведување на Законот за употреба на јазиците во првосудниот испит.
Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи, трасата на маршот ќе започне пред плоштад „Карпошово востание“, продолжува по улицата „11-ти Март“ преку Камени мост, по улицата „Никола Вапцаров“ и завршува на улицата „Димитрие Чуповски“ пред Министерството за правда.
Сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници за непречено движење.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.












