Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, откри нови детали за вчерашната посета на директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, на Москва, потврдувајќи дека имал контакти со руските разузнавачки служби, но негирајќи ги наводите дека се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин.
Тој рече дека Кремљ засега не планира никакви нови контакти со американски претставници.
„Засега не можам да ви кажам ништо за какви било понатамошни договори во врска со контактите, а не можам да зборувам ниту за други агенции. Засега нема планирани контакти на ниво на Кремљ“, изјави Песков за новинарите, одговарајќи на прашање дали Кремљ планира да биде домаќин на високи американски претставници во блиска иднина, објави РИА Новости.
Песков рече дека рускиот претседател е информиран за контактите на директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, со руските разузнавачки претставници, објави Танјуг.
„Можам само да ви кажам дека имало контакти преку разузнавачките служби. Можам да ве уверам дека немало средби со рускиот претседател. И тоа е сè што можам да ви кажам за ова прашање. Секако, претседателот Путин е веднаш информиран за сè, рече Песков.












