Поранешен советник на Трамп тврди дека Маск “физички се пресметал“ со американскиот министер за финансии

752
EPA-EFE/SAMUEL CORUM / POOL

Милијардерот Илон Маск наводно имал физичка пресметка со американскиот министер за финансии Скот Бесент во април.

Според „Вашингтон пост“, по средбата меѓу двајцата и американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба во средината на април, за да се разговара за тоа кој треба да биде шеф на Службата за внатрешни приходи (ИРС), во ходникот избила расправија. Маск и Бесент се навредувале еден со друг.

Поранешниот советник на Трамп, Стив Банон, рече дека Бесент го нарекол Маск измамник затоа што не ги исполнил ветените буџетски заштеди.

Инаку Маск тврдеше дека во својство на шеф на Одделот за владина ефикасност (DOGE) ќе ги намали расходите за два трилиони долари.

Банон тврди дека Маск го удрил своето рамо во Бесент „како рагбист“, по што Бесент му возвратил и го удрил. Тој додаде дека на крајот други морале да ги разделат.

„Претседателот Трамп слушна за тоа и рече: „Ова е премногу“, рече Банон, истакнувајќи дека конфликтот доведе до заминување на Маск од Белата куќа на крајот на мај.

Во последните денови ескалираше кавгата меѓу двајцата најмоќни луѓе во светот.

Неуспешна „броманса“: Маск против Трамп – тоа се претвори во личен конфликт 

ИЗДВОЕНИ