Иако, според информациите од ЦУК, најпогодени биле општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Чаир, засега, според градските власти, до нив пристигнала само една пријава.
– Пријавено е оштетување на магацински простор каде што биле складирани книги на една книжарница. Ќе ја разгледаме пријавата и ќе видиме кои се законските можности за излегување во пресрет. Бидејќи не станува збор за прогласена елементарна непогода, намалени се правните можности за помош. Доколку би била прогласена елементарна непогода, тогаш би се вклучиле Владата и другите институции и би се отвориле и други можности – објаснуваат од Град Скопје. Од ЦУК потенцираат дека граѓаните што претрпеле штети од невремето треба да поднесат барања до општинските комисии за процена на штети. Комисиите ќе извршат увид и процена на настанатото оштетување
Невремето што во средата го зафати Скопје изгледа дека не предизвикало сериозни штети на имотите на скопјани, иако, според информациите на надлежните институции, зад себе остави поплавени улици, подвозници, дворови и подруми од куќи.
Според информациите од ЦУК, најпогодени биле општините Кисела Вода, Гази Баба, Бутел и Чаир, но засега, според градските власти, до нив пристигнала само една пријава.
– Пријавено е оштетување на магацински простор каде што биле складирани книги на една книжарница. Ќе ја разгледаме пријавата и ќе видиме кои се законските можности за излегување во пресрет. Бидејќи не станува збор за прогласена елементарна непогода, намалени се правните можности за помош. Доколку би била прогласена елементарна непогода, тогаш би се вклучиле Владата и другите институции и и би се отвориле и други можности – објаснуваат од Град Скопје.
Што се однесува до потребната документација за пријавување штети, оттаму наведуваат дека граѓаните поднесуваат барање за финансиски надоместок и во прилог доставуваат фотографии како доказ за настанатата штета.
– Доколку почнат да пристигнуваат повеќе пријави, ќе заземеме став и ќе видиме кои се издржани за да се обесштетат – наведуваат градските власти.
Центарот за управување со кризи информираше дека според информациите добиени преку единствениот број за итни повици – 112 и надлежните институции, по невремето што ги зафати градот Скопје и околината, биле регистрирани повеќе пријави за поплави и нарушувања на инфраструктурата, и тоа: два поплавени подвозници, три кружни тека, повеќе од осум улици.
Притоа, најпогодени биле населбите: Кисела Вода, Автокоманда, Чаир, Аеродром и Горно Лисиче. Пристигнале повеќе пријави за поплавени куќи во Кисела Вода, Автокоманда и Чаир, како и за подрумски и гаражни простории. Имало пријави и за два поплавени магацини во Чаир и во Кисела Вода и за една институција – МАНУ, а на повеќе од 10 локации во градот бил отежнат сообраќајот.
Од ЦУК потенцираат дека граѓаните што претрпеле штета од невремето треба да поднесат барање до општинските комисии за процена на штети. Комисиите ќе извршат увид и процена на настанатото оштетување.
По Скопје, најпогоден град од невремето беше Куманово. Општина Куманово веќе ги извести граѓаните што претрпеле штета по обилните врнежи од дожд, да поднесат барање до Комисијата за процена на вредноста на штета од природни несреќи и други непогоди, во архивата на Општината, најдоцна до 10.7.2026 година. Притоа, наведе дека е потребно граѓаните, со барањето, да достават и копија од лична карта за физичките лица или решение (или тековна состојба од регистрацијата во Централниот регистар) за правните субјекти, сопствениците на имотот, копија од имотниот лист за објектите што имаат претрпено оштетување од поплави, како и копија од трансакциската сметка на сопственикот.
(А. П.)












