Полски суд осуди тројца Украинци за серија пожари и саботажи

61

Суд во Полска осуди тројца украински државјани на затвор во вторник за нивната улога во серија големи пожари во земјата и балтичките држави, како дел од истрагата за саботажа за која Варшава тврди дека била оркестрирана од Русија.

„Сите тројца обвинети беа прогласени за виновни за учество, во различно време помеѓу 2023 и 2024 година, во организирана група што дејствувала во Полска, Литванија, Латвија, Украина и Русија, со цел да изврши саботажи и терористички акти“, соопшти обвинителството, пренесе „Ројтерс“.

Според пресудата, обвинетите дејствувале заеднички и во координација со други лица против кои истрагата е сè уште во тек.

Полските власти претходно изјавија дека земјата е цел на саботажни акции што се дел од „хибридната војна“ на Москва насочена кон дестабилизирање на државите што ја поддржуваат Украина, што вклучува палење и сајбер напади.

ИЗДВОЕНИ