вторник, септември 8, 2026
Дома СВЕТ Полска ги крена авионите, издадена е тревога поради рускиот напад врз Киев

Полска ги крена авионите, издадена е тревога поради рускиот напад врз Киев

45

Полските воздухопловни сили спроведуваат превентивни операции во врска со руските ракетни напади врз Украина, објави полската војска утрово.

Аеродромот Лублин привремено ги прекина летовите поради воени операции, објави Полската агенција за услуги за воздушна навигација.

Поради активностите на руските авиони што вршат напади врз украинска територија, полските воени авиони продолжуваат да летаат во полскиот воздушен простор, објавува агенцијата PAP.

Аеродромот Лублин привремено ги прекина летовите поради воени операции, објави Полската агенција за услуги за воздушна навигација.

 

Сите вклучени единици се во состојба на висока готовност и се подготвени веднаш да реагираат во случај на потенцијална закана.

Полската воена авијација беше активирана бидејќи во Киев се слушнаа експлозии по руските балистички ракетни напади. Според украинските власти, најмалку шест лица се повредени во нападите, додека станбени згради се оштетени, а пожари избувнаа во неколку делови од градот, пренесува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ