Четирикратниот светски шампион, Макс Верстапен ,изјави дека многу тимови ги кршат правилата за технички прегледи на болидите и избегнуваат казни само затоа што нема проверки по секоја трка.
- Сите бараме ограничување. Понекогаш сè оди непречено бидејќи не секогаш сè се проверува. Ако се проверуваше секој болид по секоја трка, половина од тимовите ќе беа нерегуларни – истакна Верстапен.
Контролите во Формула 1 ги вклучуваат тежината на болидот, параметрите на хибридниот систем, горивото, аеродинамиката и долниот дел од шасијата. Сепак, ФИА нема капацитет да спроведува проверки на секоја трка.
Минатата сезона беше обележана со бројни дисквалификации. Ферари беше елиминиран во Кина поради технички неправилности во болидот на Шарл Леклер и Луис Хамилтон, додека Пјер Гасли и тандемот на Мекларен, Ландо Норис – Оскар Пјастри, доживеаја слична судбина во Лас Вегас.
Верстапен, исто така, коментираше за ситуацијата во САД, на крајот од шампионатот.
- Тоа беше ран божиќен подарок за мене, што ја направи сезоната повозбудлива – рече Холанѓанецот, кој ја загуби титулата на крајот, со само два бода разлика од новиот шампион, Ландо Норис.









