Полицијата пронајде оружје и муниција во дом на жител на Батинци. Три пиштоли и вкупно 643 куршуми со различен калибар и наменети за различни видови оружје, се одземени и против осомничениот е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи. Јавниот обвинител оценил дека се исполнети законските основи, односно опасност од бегство и можност да го повтори делото, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.