Полицијата се поднови со 120 „пежовци“ вредни 3,9 милиони евра

32

Во кругот на Министерството за внатрешни работи, денеска беа презентирани 120 нови автомобили „пежо 408“ за полицијата, чија вкупна вредност изнесува околу 3,9 милиони евра. На презентацијата, премиерот Христијан Мицкоски рече дека оваа набавка е дел од планот за подобрување на мобилноста на полициските службеници во секојдневното извршување на нивните задачи.

„Ние, како Влада, ќе продолжиме да ги поддржуваме ваквите проекти, затоа што цениме дека безбедноста и, би рекол, расчистувањето на криминалот и на корупцијата во државата се наш врвен приоритет како Влада, а Министерството за внатрешни работи е нераскинлива алка во тој процес, изјави Мицкоски.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, рече дека новите автомобили се набавени по пониска цена од комерцијалната и имаат современ систем за проверка во базата на прекршоци. Ќе ги возат полицајците низ Македонија, односно секој сектор ќе добие по десет. Со нови ќе се заменат возилата на мобилната единица бидејќи постојните трошат повеќе од новонабавените.

 

ИЗДВОЕНИ