четврток, февруари 5, 2026
Дома СВЕТ Пољак обвинет дека им помагал на Русите да подготват атентат на Зеленски

Пољак обвинет дека им помагал на Русите да подготват атентат на Зеленски

74
EPA-EFE/JAVAD PARSA NORWAY OUT

Полските власти поднесоа обвинение против Павел К, кој наводно планирал да им помогне на руските разузнавачки служби во подготовката на обидот за атентат врз претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопштија денеска обвинителството.

Павел К. беше уапсен во април 2024 година по соработка на полските и украинските обвинители и се соочува со затворска казна до осум години.

Според обвинителите, тој изразил подготвеност да работи за воената разузнавачка служба на Руската Федерација и воспоставил контакти со Русите кои биле директно вклучени во војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ