
Најбогатите клубови во англиската Премиер лига со големо внимание ја следат ситуацијата околу првиот голман на актуелниот европски клупски шампион, тимот на ПСЖ, Џиџи Донарума. Репрезентативецот на Италија има договор со „светците“ до 30 јуни 2026 година, но се погласни се шпекулациите дека искусниот голман сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.