среда, февруари 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Подобрување на туризмот преку унапредување на инфраструктурата околу Беровското Езеро

Подобрување на туризмот преку унапредување на инфраструктурата околу Беровското Езеро

16

Подобрување на туристичкото искуство преку унапредување на инфраструктурата околу Беровското Езеро, вклучително и реконструкција на оф-роуд велосипедската патека во должина од 22 километри, како и изградба на современо одмориште за велосипедисти – „Велохаб“ се дел од активностите во рамките на проектот „Нискојаглеродна инфинити патека“. Проектот се реализира во рамките на првиот повик од ИПА III програмата за прекугранична соработка „Interreg (VI-A)“ со Бугарија, во рамките на приоритетот 3 „Интегриран развој на пограничен регион“.

Увид во реализацијата на овој проект при денешната посета на Берово изврши министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот Петар Ружински и со членовите на Советот на Општина Берово.

– Туризмот е сектор од големо значење, кој го зајакнуваме преку целосно искористување на фондовите од ИПА-прекуграничната соработка – истакна Перински.

Вкупната вредност на проектот за Берово е 117.736 евра.

 

ИЗДВОЕНИ