Почнува ликовната колонија „Љубанци 2025“

65

Општина Бутел ја продолжува традиција. Започна меѓународната ликовна колонија што се одржува во Љубанци, по 15. пат.

На ликовната колонија „Љубанци 2025“, која ќе трае седум дена, учествуваат 20-мина ликовни уметници од Република Македонија, но и од соседните земји, Република Бугарија и Република Србија.

Ликовната колонија е збогатена и со учество на повеќе од 30 ученици од нашите основни училишта, кои сликаат заедно со уметниците.

Оваа година, сликите што ќе бидат насликани ќе бидат донирани од Општина Бутел.

Манифестацијата финансиски целосно е поддржана од Општина Бутел.

– Инвестираме во културата и во културните настани, со што се збогатуваат културните содржини во Општина Бутел – велат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ