четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Почна реконструкцијата на улицата „Киро Фетак“

Почна реконструкцијата на улицата „Киро Фетак“

116

Општина Кисела Вода почна со реконструкција на дел од улицата „Киро Фетак“, во делот кај мостот.

Оттаму информираат дека поради градежните активности, улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај во период од шест месеци, односно до 15.10.2026 година. Во овој период, сообраќајот во двата правци нема да биде дозволен.

Притоа, општинските власти апелираат до сите учесници во сообраќајот да користат алтернативни маршрути.

Од локалната самоуправа велат дека доколку градежните работи завршат пред предвидениот рок, ќе има навремено известување, притоа се заблагодаруваат за разбирањето и на трпението.

 

ИЗДВОЕНИ