понеделник, јули 13, 2026
Дома СКОПСКА Почна поставувањето нов асфалт на улицата „Лисец“ (крак десно)

Почна поставувањето нов асфалт на улицата „Лисец“ (крак десно)

1

Проролжува санацијата на улицата „Лисец“ (крак десно) во Горно Лисиче. При тоа, почна поставувањето на новиот асфалтен слој.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности,  при што истакна дека со проектот се подобруваат безбедноста и условите за секојдневно движење.

– Покрај новиот асфалт, се градат и нови тротоари, со што улицата добива модерен и функционален изглед. Проектот опфаќа: целосна реконструкција на улицата во должина од 520 метри, поставување нов тампонски слој и нов асфалт, над 3.300 квадратни метри нова асфалтна површина, како и изградба на нови тротоари со површина од 1.400 квадратни метри – соопштија од Општина Аеродром.

При тоа, додаваат дека согалсно предвидената динамика, продолжуваат работите и на улица „Лисец“ (крак лево), со што целиот овој дел од Горно Лисиче добива поквалитетна, побезбедна и современа патна инфраструктура.

 

ИЗДВОЕНИ