недела, јули 12, 2026
Дома СКОПСКА Почна комплетната реконструкција на клучната улица „Речиште“

Почна комплетната реконструкција на клучната улица „Речиште“

502

Почнаа градежните активности за комплетна реконструкција на улицата „Речиште“ во Драчево, заедно со нејзините споредни краци.

Со овој капитален проект, кој опфаќа вкупна должина од 3,4 километри, Општина Кисела Вода обезбедува долгорочно решение и сигурна и современа патна инфраструктура за жителите од овој дел на општина Кисела Вода. 

Од Општина Кисела Вода објаснија дека градежните работи на терен ќе се одвиваат фазно, при што најпрво ќе се започне со уредување и асфалтирање на споредните краци, по што веднаш ќе се премине на финална реконструкција на главната улица. Средствата за овој проект се обезбедени преку договорот со Министерството за транспорт, во рамки на втората фаза од проектите поддржани од Владата на Република Македонија.

– Започнуваме со темелна промена и модернизација на ликот на улицата „Речиште” во Драчево. Со овој голем чекор, сите краци и главната улица целосно се обновуваат и модернизираат, со што конечно создаваме инфраструктура каква што доликува за квалитетно секојдневие на сите наши сограѓани. Како локална самоуправа продолжуваме посветено и со силно темпо на терен, бидејќи секое дадено ветување пред граѓаните за модерна, поврзана и безбедна инфраструктура за нас е врвен приоритет кој го исполнуваме во целост- изјави градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска.

 

ИЗДВОЕНИ