Уште една уметничка дива почина – пејачката Сенка Велетанлиќ (90).
Тажната вест ја објави на својот „Фејсбук профил“ нејзиниот син Васил Хаџиманов.
„Утрово нè напушти мајка ми Сенка Велетанлиќ, по тешка болест. Почина тивко, достоинствено, во сон, како дама, токму како што ѝ доликува. Те сакам, мамо. Ти благодарам, мамо“, напиша одличниот музичи уметник, пијанист, клавијатурист, композитор и предавач под сликата на Сенка.
View this post on Instagram
Сенка Велетанлиќ е родена во 1936 година и пораснала во Загреб.
Дипломирала на Економскиот факултет, но одлучила, како што забележува РТС, да продолжи кариера во музиката.
Во 1958 година, таа ги направи своите први снимки за „Радио Загреб“, а две години подоцна го доживеа својот прв голем успех со песната „Ноќ без звијезда“ на фестивалот во Опатија.
Потоа следеа успеси и долгогодишно учество на југословенската музичка сцена и бројни фестивали, вклучувајќи го „Сплитскиот фестивал“, „Белградска пролет“, „Загребфест“, „Опатија“, „Вашиот хит на сезоната“…
Сенка Велетанлиќ внимателно го избираше својот репертоар и беше запаметена не само по својот глас и препознатлива интерпретација, туку и по префинетоста и елеганцијата што ја зрачеше.
Таа исто така глумеше.
Нејзината сопствена сестра е уште една музичка хероина – Бисера Велетанлиќ.
Сенка, заедно со својот сопруг, легендарниот Зафир Хаџиманов, оствари мноштво музички проекти.












