По кратко боледување попладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар и екс портпарол на Влада, Агим Јонуз.
По неколку дневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје, Агим Јонуз за жал не успеа да ја добие најважната битка во својот живот.
Јонуз беше активен во политочкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз секогаш се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.
Погребот на Агим Јонуз ќе биде утре на гробиштата во Бутел.












