Актерот Сем Нил, најпознат по улогата на палеонтологот д-р Алан Грант во франшизата „Паркот Јура“ почина на 78-годишна возраст.
Сем Нил (1947-2026) беше редок актер кој уживаше успех во холивудските блокбастери и во признатите артхаус филмови.
„Паркот Јура“ (Jurassic Park) беше неговиот најголем хит на бокс-офисот и го направи меѓународна ѕвезда. Неговите други холивудски улоги ги вклучуваат филмовите „Лов на црвениот октомври“ (The Hunt For Red October ) како втор човек по команда на Сер Шон Конери, „Dead Calm“ како сопругот на Никол Кидман и „Тор: Рагнарок“ (Thor: Ragnarok) како таткото на Тор, Один.
Но, тоа е само врвот на ледениот брег на кариерата што вклучуваше десетици филмови и ТВ емисии во САД, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија.
Новозеландскиот актер беше една од најразновидните ѕвезди во филмската индустрија, тој секогаш привлекуваше внимание на екранот – без разлика дали играше челичен, но симпатичен херој или застрашувачки негативец.
Други негови значајни остварувања се култниот хорор „Possession“ од 1981 година; „Крик во темнината“ (A Cry in the Dark) од 1988 година заедно со Мерил Стрип, кој му ја донесе наградата на Австралискиот филмски институт за најдобар главен актер; потоа драмата од 1993 година „Пијаното“ (The Piano), филм што ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал; и „Hunt for the Wilderpeople“ на Таика Ваитити од 2016 година.












